Александар Андонов е Сениор ИТ инженер со долгогодишно искуство во ИТ индустријата. Својата кариера ја започнал како главен инженер во ИТмак. По 10 годишно искуство во телеком индустријата и работа како лидер за развој на главната мрежа на еден од најголемите мобилни оператори во Македонија, Александар го продолжи своjот професионален развој во Сеавус како Сениор ИТ ДевОпс инженер.
Неговото широко познавање и експертиза вклучува долгогодишно искуство со многу програмски јазици (Shell (Unix/Win), Python, SQL, C, C++, HTML, PHP, Perl, ASP .NET, Erlang, Ericsson AXE, Visual Basic); бази на податоци (Oracle, MySQL, PostgreSQL, MSSQL); оперативни системи (Windows 95/98/2000/XP/Vista/7/8/10, Windows 2003 & 2008 Server, Unix/Linux (CentOS, Debian, FreeBSD), AIX, Solaris, HP-UX, VxWorks); мрежи (Cisco iOS, HP/3CM, MPLS TP/IP); апликации (MS Office, MS Project, MS Visio, Nagios, Elasticsearch, Wireshark/Tshark, Bind9, OpenLDAP); апликациски сервери (Tomcat, WebSphere, IIS) и така натаму.
Денес, Александар е незаменлив дел од Сеавус тимот одговорен за внатрешната организација и поставување на системи за централно собирање логови, поставување на целосна архитектура за потребите на нашите клиенти и имплементација на безбедносни процедури според ISO, GDPR и PCI DSS стандарди.