Cloud Days е 4 дневен настан, во склоп на Industry Learn & Talk серијалот од настани, наменет за вработени во IT секторот и останати tech ентузијасти. На настанот учесниците ќе можат да научат нешто повеќе околу технологиите што моментално го движат IT светот, и тоа директно од компании и поединци кои имаат вистинско работно искуство со нив.

На годинешниот Cloud Days ќе се разговара за различните видови на cloud технологии и нивната импликација во оваа индустрија. Погледнете подолу за подетална програма на целиот настан!