Ристо Пеншовски е Сениор ИТ инженер со повеќе од 6 години работно искуство во рамките на Сеавус. Тој е ITIL сертифициран, има повеќе од 15 Microsoft, како и повеќе од 10 CompTia и CCNA сертификати низ годините на своето професионално надградување во Сеавус групацијата.
Неговата експертиза покрива повеќе сегменти од областа на систем администрација, бази на податоци (MS SQL; MySQL; Ms Access), системска и мрежна безбедност, како и суштинско познавање и оперирање на повеќе апликации (CBS, jBilling, CRМ) и оперативни системи (Windows, Linux) и cloud решенија како AWS Cloud computing.
Ристо има работено за повеќе од 10 од најголемите клиенти на Сеавус од различни индустрии како клучен член од тимот и главно лице за контакт и консултација за поголемиот број од нив.